10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Зајкова критикува дека лидерската средба ја игнорираше економијата и минималната плата

Лидерката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка Моника Зајкова ја критикуваше агендата на последната лидерска средба, оценувајќи дека економските прашања и животниот стандард на граѓаните биле изоставени, додека партиските интереси добиле приоритет.

Зајкова изјави дека учесниците не разговарале за растот на платите и трошоците за живот, иако, според неа, куповната моќ на граѓаните продолжува да опаѓа.

„Едно ќесе намирници во маркет веќе чини повеќе од 1.000 денари, а граѓаните секојдневно се соочуваат со поскапувања. Наместо фокус на техничка влада и кадровски распределби, требаше да се зборува за намалување на гломазниот државен апарат и за економски реформи“, рече Зајкова во телевизиско гостување.

Таа додаде дека Северна Македонија има повисок број административни позиции по глава на жител во споредба со некои поголеми европски земји, што, според неа, создава дополнителен товар врз јавните финансии.

Зајкова најави дека ќе го поддржи протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 600 евра, оценувајќи дека актуелните примања не го следат растот на цените.

„Ако нема средства за зголемување на платите, требаше да се прифатат предлозите за кратење на паушалите во управните одбори, каде што се земаат надоместоци и до две просечни плати за минимален ангажман“, изјави таа.

 

Related posts

(Не)преминливите бариери на Болонскиот процес во Северна Македонија

admin

Што им понуди Фон дер Лајен на Вучиќ и Курти?

admin

Кочани под лупа: ВМРО-ДПМНЕ го обвинува в.д. градоначалникот за загрозување на јавната безбедност

admin

Битка за Романија: Центристот Дан го победи екстремниот десничар во избори обвиени со руска сенка

admin

Амнестии и споменици за дефокус од реалните проблеми?

admin

Мицкоски не попушта пред ЕУ: „Нема да влеземе во авантура без гаранции“

admin