9.8 C
Скопје
27 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Стојаноска: Ахмети нудеше влез во Владата – сега зборува за „договор“ за избори

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во објава на Фејсбук ги отфрли тврдењата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека пред една година постоел договор со претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори.

Стојаноска наведе дека Ахмети не ја кажува „вистината“ за средбата што, според неа, се одржала во нејзината канцеларија, на која тој, како што тврди, нудел влез на ДУИ во Владата без барање за претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од она што го побарала коалицијата ВЛЕН, само за да биде дел од актуелната влада.

„Ние останавме истрајни во пораката што ја добивме од граѓаните – дека ДУИ мора да оди во опозиција“, напиша Стојаноска, додавајќи дека Ахмети, како што рече, пред да изнесува невистини, треба да биде подготвен дека „ние ќе кажуваме вистини“.

Реакцијата на Стојаноска следува откако Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека пред околу една година имал средба со Мицкоски, на која, според него, било договорено заедно со локалните избори да се одржат и парламентарни избори. Ахмети рече дека премиерот подоцна го променил ставот.

Тој наведе дека ваквиот договор бил постигнат на првата средба, додека на втората, како што изјави, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле понудени две други опции, кои тој не ги прифатил.

Според Ахмети, средбите се одржале пред актуелната влада да наполни 100 дена на власт.

Стојаноска, во својата објава, го постави и прашањето дали ваквите изјави, според неа, имаат за цел да ја спречат ерозијата во членството на ДУИ и кај нејзините досегашни поддржувачи.

Related posts

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА?

ninja

Рубио, кој беше под кинески санкции, патува во Кина со Трамп

admin

СДСМ во Приштина, ЕСП во Вашингтон

admin

Полицијата уапси 18-годишник во Тетово по закани за бомба и напад во училиште

admin

Извештај: Повеќе од 1 милијарда евра од фондовите на ЕУ користени за дискриминаторски проекти

admin

Мицкоски: Македонија меѓу првите три во Европа според мерките против ценовните шокови

admin