27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Што се договараше во Мала Речица? Филипче и Ахмети во неочекувана средба

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, ден пред лидерската средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски, остварил средба со претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на која, според неофицијални информации, била разгледувана можноста за формирање поширок проевропски опозициски фронт.

Според извори на ТВ 24, средбата се одржала во Мала Речица, на барање на Филипче, неколку часа пред Генералниот совет на ДУИ да одлучи Ахмети да присуствува на лидерската средба со премиерот.

Нема официјална потврда дали во разговорите било вклучено и евентуално барање Ахмети да ѝ се приклучи на СДСМ во бојкотот на лидерската средба. Филипче ја потврди средбата, но одби да навлезе во детали.

„Средба имаше, но нема да коментирам за деталите“, изјави Филипче.

Висок партиски функционер на ДУИ, кој побара да остане анонимен, потврди дека Филипче му понудил на Ахмети соработка во рамки на, како што ја нарече, „европски опозициски фронт“, оценувајќи дека станува збор за обид за затоплување на односите меѓу двете партии.

Официјално, од ДУИ не ја потврдуваат, но ниту ја демантираат информацијата за понудената соработка.

Идејата за заеднички проевропски опозициски блок меѓу СДСМ и ДУИ беше промовирана и пред парламентарните избори во 2024 година од тогашниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, но таа не се реализираше откако Ахмети одлучи да настапи со посебен политички фронт заедно со помалите албански партии и со сопствен кандидат на претседателските избори.

 

Related posts

Трамп се дистанцира од израелскиот напад врз иранско гасно поле

admin

Кои министерства и општини трошат струја прекумерно?

ninja

Борисов бара Северна Македонија целосно да го почитува Договорот за добрососедство

admin

Шведската министерка Розенкранц: Албанија и Црна Гора се лидери во процесот на евроинтеграција

admin

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

admin

УЈИЕ ги отвори вратите за идните студенти: Ден на иновации, знаење и забава

admin