10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Нема договор меѓу Меџити и Касами за раководење со ВЛЕН”: Фетаи ја обвини ДУИ за „спин“

Нема никаков договор меѓу Изет Меџити и Билал Касами за раководење со коалицијата ВЛЕН, изјави заменик-премиерот Арбен Фетаи, оценувајќи ги како „спин“ на ДУИ информациите за наводен договор.

Говорејќи во емисијата „Клик Плус“ на TV21, Фетаи рече дека на состаноците на коалицијата не бил разгледуван, ниту постигнат каков било договор за моделот на раководење.

„Ова прашање не е дискутирано на ниво на лидери или во тесното претседателство. Разгледани се повеќе сценарија – ротација, еден претседател или претседателство со двајца копретседатели – но не е донесена никаква одлука“, изјави тој.

Според Фетаи, коалицискиот договор предвидува одлуките да се носат со консензус и колегијалност во рамките на тесното претседателство. Тој додаде дека досега нема согласност за ниту еден од споменатите модели и дека разговорите ќе продолжат во наредните денови.

„Ова е, во најдобар случај, смешно, а во најлош случај злонамерно. Верувам дека станува збор за спин на ДУИ со цел да се разедини ВЛЕН“, рече Фетаи.

На прашањето дали недостигот од договор може да доведе до поделби во коалицијата, тој ја отфрли таквата можност.

„ВЛЕН е пообединет од кога било. Сите сме согласни дека треба да се обединиме и да се зајакнеме. Врз основа на колегијалност, еднаквост и консензус, уверен сум дека наскоро ќе го најдеме најдобриот можен модел за понатамошно функционирање“, изјави Фетаи.

Related posts

Бугарија пред нов изборен тест: Може ли гласањето да го смени курсот на земјата?

admin

Бугарија да одзема државјанства заради говор на омраза

admin

Џафери во жешка фотелја: Кои се приоритетите на владата?

admin

РОДНИНИТЕ ЧЕКААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ СТРУМА

ninja

Кривична пријава по дисквалификацијата, Панчевски: Имам 12 години стаж, ова е злоупотреба

admin

Стари фотографии употребени за ширење паника, омраза и лажни вести

admin