20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Владата ги брани летовите со владиниот авион, обвинувањата на СДСМ ги оценува како политичка хипокризија

Владата на Република Северна Македонија ги отфрли обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски користел владиниот авион за приватни патувања, оценувајќи ги како „пример за политичка хипокризија“.

„Истата политичка структура која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања кои останаа длабоко контроверзни во јавноста“, се наведува во соопштението на Владата.

Од владата додаваат дека сите летови со владиниот авион се извршени исклучиво согласно прописите и актите за негово користење, евидентирани и под контрола на институциите, и дека нема никакви злоупотреби. Владата посочува дека авионот бил користен и за итни и хуманитарни задачи, вклучително транспорт и координација на активности поврзани со повредени од пожарот во Кочани.

Според податоците објавени од телевизија Телма, премиерот Мицкоски го користел владиниот авион три пати од јуни 2024 до декември 2025 година – еднаш до Будимпешта, еднаш до Сплит и еднаш до Тирана. За еден лет од Скопје до Белград нема целосни податоци за патниците.

Телма исто така објави дека за истиот период владиниот авион бил користен околу 40 пати, без да се вклучат летовите за сервисирање и двата специјални лета – медицинскиот и за евакуација на патници. Авионот бил сервисирај девет пати.

Министерот за транспорт и врски и вицепремиерот Александар Николоски најмногу го користел авионот – 11 летови, најчесто кон Будимпешта. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова летала 13 пати, вклучувајќи дестинации како Тиват, Подгорица, Тирана, Рим, Истанбул и Копенхаген. Претседателот на Собранието Африм Гаши летал седум пати, а Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски патувал до Ротердам, Белград, Стразбур и Прага.

Владата ја поврзува употребата на авионот со службени и државнички активности, додека СДСМ претходно денеска обвини дека премиерот го користел авионот за приватни патувања до Јадранското Море, додека нема средства за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците.

Владата оцени дека обвинувањата се „класичен пример на политичка хипокризија“, нагласувајќи дека опозицијата го игнорирала хуманитарниот и државничкиот аспект на користењето на владиниот авион.

Related posts

ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО КУРТИ ВО БРИСЕЛ – ИМАВМЕ ТЕЖОК СОСТАНОК

ninja

Стејт департментот на САД бара 4 милијарди долари за да се надмине Кина

admin

Граѓаните одрани на патарините, профитот милионски, но ЈПДП во долгови

admin

Мицкоски: Стојам позади кажаното за Груевски и ја затворив темата

admin

Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

admin

Деветмесечни студентски протести ја тресат Србија, Вучиќ соочен со најголема криза од владеењето

admin