11.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Стојам позади кажаното за Груевски и ја затворив темата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ вели дека не учествувал во преговори за измените на Кривичниот законик што неодамна поминаа во Собранието, туку наметна дилема дали можеби дел од поранешното партиско раководство ги барало овие измени во пакет со промената на Уставот после Преспанскиот договор.

“Можеби вие како новинари може да истражите дали тој дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, паралелно со процес на уставните измени, барало измени на Кривичниот законик и можеби на тоа реферираат овие од ДУИ”, рече Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали со пораката до Никола Груевски дека ова не е 2018 имплицитно го обвини дека учествувал во процесот за уставни измени, за што беше исклучен неговиот братучед Сашо Мијалков?

“Немало преговори! Тоа е обид и игра на власта сега да растури пердуви – нивното „да“ наспроти нашето „не“. И сега ние треба да се тегнеме за коса кој ќе биде погласен. Тоа е обид да се поларизира јавното мислење. Со сиот свој кредибилитет тврдам дека такви преговори немало. Во едно интервју Али Ахмети кажа со кого разговарал и кога разговарал”, рекол Мицкоски.

Запрашан дали постои се уште комуникација меѓу власта и Груевски и дали сѐ уште е жив планот за уставни измени со негова помош, Мицкоски со одговор: “Нема да навлегувам во, би рекол, црни игри на политичката сцена. Мој интерес е во периодот што следи да бидеме поблиску до граѓаните, подобро да ја организираме кампањата за претседателските и парламентарните избори, да победи нашиот кандидат за претседател и да ја формираме идната влада. Тоа е единствената задача што ја имам пред себе.”

“ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било пообединето и покохезивно. Тоа може да се види секаде низ Македонија. Дали има некои поединци што можеби се незадоволни од нивниот статус и чувствуваат дека можат повеќе, секаде тоа го има. И во семејството дома немаме иста позиција за иста работа.”, рекол Мицкоски.

Related posts

БЕЛГРАД-ПРИШТИНА ВИА ОХРИД: КАКВА ПОРАКА НОСИ БОРЕЛ ЗА РСМ?

ninja

Украинските пилоти почнаа со обука на Ф-16 во САД

admin

Бројни нерешени афери во здравството среде скандалот на онкологија

admin

Маќедонци: Србија распределува воени сили долж границата со Косово

admin

Некој нема да лета – директорите или авионите

admin

Колку провизии ви земаат бснките? Сега може да проверите онлајн

admin