Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија апелираше до македонските државјани кои се наоѓаат во Мексико веднаш да ја напуштат земјата поради влошената безбедносна состојба.
Министерството предупреди дека насилството поврзано со наркокартелите се зголемува и препорача да се одложат сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
„МНР континуирано ја следи ситуацијата и ќе ја информира јавноста навремено. Апелираме до нашите граѓани кои се на територијата на Мексико, да ја напуштат државата во првата можна и безбедна прилика,“ се наведува во соопштението.
Станува збор за редовен дипломатски совет во согласност со проценката на ризикот за безбедноста на македонските државјани, а министерството ги охрабрува граѓаните да се пријават во најблиските дипломатски претставништва за дополнителни инструкции.

