20.8 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Влеговте на зелено? Ако заглавите сред крстосница – следува казна!

Возачите кои ќе влезат во крстосница на зелено светло, но ќе останат заглавени поради метеж и ќе го блокираат сообраќајот, ќе се соочат со парична казна од околу 45 евра во рамки на системот Сејф Сити, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерот Панче Тошковски изјави дека ваквите случаи нема да се третираат како поминување на црвено светло, туку како посебен прекршок – блокирање на крстосница, што го нарушува протокот на сообраќај.

Според властите, возачите се должни да проценат дали има доволно простор да ја напуштат крстосницата пред да влезат во неа, дури и кога семафорот покажува зелено светло.

„Не е доволно само да се помине на зелено. Доколку со тоа се блокира раскрсницата, станува збор за прекршок“, изјави Тошковски, додавајќи дека системот автоматски ќе ги евидентира ваквите ситуации.

Од Министерството велат дека мерката е насочена кон спречување на т.н. „загушување“ на раскрсниците, што често предизвикува дополнителни застои, сообраќаен хаос и зголемен ризик од незгоди, особено во урбаните средини.

Системот „Сејф Сити“ е дел од пошироката стратегија за автоматизирано следење и санкционирање на сообраќајни прекршоци, со цел подобрување на сообраќајната дисциплина и проточноста на сообраќајот, наведуваат надлежните.

Related posts

Алармантно: Деца бараат помош поради самоубиствени мисли

admin

Дезинформациите доведоа до недоверба во лекарите, терапијата и вакцините

admin

На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО вниманието ќе биде насочено кон Рубио

admin

Удар за скопскиот аеродром: Германскиот гигант ја прекинува линијата до Франкфурт

admin

Мицкоски најавува крај на блокадите: Ќе има ли тајна коалиција со Али Ахмети?

admin

Дигиталниот самит на Западен Балкан заврши во Скопје со обврски за регионална поврзаност и дигитален идентитет

admin