10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Закон за темелни реформи во високото образование

Професорите на државните универзитети ќе подлежат на реизбор на секои седум години, а за напредување во академско звање ќе мора да имаат најмалку три трудови објавени во меѓународни списанија со импакт-фактор, предвидува новиот Закон за високо образование што денеска го презентираше министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Законот, кој треба да го замени актуелниот од 2018 година, воведува построги критериуми за академско напредување, нов модел на финансирање на универзитетите и реорганизација на Агенцијата за квалитет во високото образование.

„За еден универзитет да се најде меѓу најдобрите 1.000 на Шангајската листа, потребно е годишно да објавува најмалку 1.200 трудови во списанија со импакт-фактор. Нашите универзитети објавуваат меѓу 300 и 500 и тоа мора да се промени“, изјави Јаневска на прес-конференција.

Според предложените измени, кандидатите за избор во звања доцент, вонреден и редовен професор ќе мора да имаат вкупно шест до седум научни трудови, од кои најмалку три објавени во списанија индексирани во базите Web of Science или Scopus.

Законот предвидува и нов начин на финансирање на високообразовните установи, со воведување развојна и компонента за успешност, со цел стимулирање на конкуренцијата и квалитетот.

Ректорите повторно ќе се избираат со мандат од четири години, наместо досегашните три, а изменет е и моделот за нивен избор. Реизборот на редовните професори нема да се применува ретроактивно.

Во делот на студиските програми, се воведува модуларен систем, со заеднички основни студии во првите две години и насочување во повисоките години, со цел рационализација на над 1.300 постојни програми.

 

Предлог-законите за високо образование и за квалитет во високото образование веќе се објавени на Националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а јавните расправи се очекува да започнат во наредните две недели. Владата планира трите закони да бидат усвоени истовремено.

Related posts

„Шангај се претвори во море“: Тајфунот „Долфин“ евакуира над милион луѓе

admin

Мицкоски: Ги поставуваме темелите за „Времето на Македонија“

admin

Холандскиот амбасадор Коп: Не чекате вие, ЕУ ве чека 15 години да ги спроведете реформите

admin

Кариера во НАТО? УЈИЕ организираше интерактивна средба со експерти од Алијансата

admin

Кина ја засилува офанзивата додека САД се повлекуваат

admin

Нов удар врз спорна законска одредба – Уставен гледа можна дискриминација

admin