10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Поседува ли национален и НАТО безбедносен сертификат? Еве што вели Ковачки

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Северна Македонија, Драган Ковачки, изјави дека поседува највисок национален безбедносен сертификат со степен „државна тајна“, како и највисок безбедносен сертификат од НАТО.

Ковачки, гостувајќи во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги отфрли обвинувањата на опозициската СДСМ поврзани со неговиот безбедносен статус, наведувајќи дека националниот сертификат му бил издаден во период кога на власт биле СДСМ и ДУИ.

„Ова е национален безбедносен сертификат – државна тајна, издаден во време на СДС и ДУИ, а не во време на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е највисокиот степен на безбедносен сертификат што постои во државата“, рече Ковачки.

Тој додаде дека поседува и највисок НАТО безбедносен сертификат, што, како што наведе, му овозможува учество на затворени седници на Парламентарното собрание на НАТО, каде што ја предводи македонската делегација.

„Со тој сертификат учествувам на затворени седници на НАТО парламентарното собрание, на кои ја предводам македонската делегација“, изјави Ковачки.

Тој оцени дека јавните обвинувања околу неговиот безбедносен статус нанесуваат штета не само на партијата, туку и на државата, повикувајќи на фокусирање на политиките наместо на лични напади.

 

Related posts

МВР врши проверки, судот одлучува за Артан Груби

admin

Трамп, Косово и тајниот план за размена на територии: Болтон проговори

admin

Мицкоски: Ако судиите и обвинителите судат по закон, ќе им ја донирам мојата плата

admin

КОЛКУ СЕ ЛОШИ РАБОТИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И САД?

ninja

Алиу го посети Мајчин дом по проширување на одделот за психофизиологија

admin

Мерката за намалување на цените – повеќе популизам отколку реален ефект

admin