14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Триангл: Договорите за плати мора да се почитуваат, време е за достоинствени примања

Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), Лук Триангл, изјави дека синдикатите, работодавачите и Владата мора слободно да склучуваат колективни договори, а резултатите од нив да се почитуваат.

Триангл ја повика Владата и Собранието да ги реализираат зголемувањата на платите договорени со претходната влада, истакнувајќи дека работниците заслужуваат примања кои овозможуваат достоинствен живот.

„Работниците не се сами во својата борба за зголемување на платите. Поддршката доаѓа не само од Сојузот на синдикатите на Македонија, туку и од најголемата меѓународна конфедерација на синдикати“, се наведува во соопштението на ITUC.

Триангл, исто така, изрази загриженост поради извештаи за притисоци и кампањи насочени кон дискредитирање на синдикатите во земјата.

 

Related posts

Тајниот безбедносен инвестициски фонд на Британија излегува од сенка

admin

На Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа трибина на тема „Поврзаноста меѓу образованието и пазарот на трудот“

admin

Извинувањето е доблест, но ретко се слуша

admin

Проширување на ЕУ: Напредок во Подгорица и Тирана, застој во Белград и Скопје

admin

Инфлацијата во еврозоната 1,9%: најниска во Данска, највисока во Романија

admin

Кампањата повеќе личи на парламентарна отколку на локална трка

admin