23.1 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Евакуацијата на државјани од Блискиот Исток ја чинела државата околу 1 милион евра

Евакуацијата на државјани на Северна Македонија од Блискиот Исток чинела околу 59,8 милиони денари (околу 970.000 евра), покажува договор објавен на веб-страницата на системот за јавни набавки.

Договорот е склучен меѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и оператор ангажиран за организирање на евакуацијата на македонските државјани од регионот на Персискиот Залив, вклучително и од Дубаи.

Според објавените податоци, договорената вредност изнесува 59.799.900 денари без ДДВ, што е приближно еден милион евра.

Евакуацијата беше организирана во неколку фази во услови на зголемени безбедносни ризици во регионот на Блискиот Исток. Властите претходно соопштија дека со неколку летови биле евакуирани стотици македонски државјани од земји како Катар, Кувајт, Саудиска Арабија и Бахреин.

Министерството за надворешни работи претходно информираше дека операцијата била спроведена во координација со дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни партнери.

Related posts

Огромен безбедносен пропуст: Новинар случајно доби тајни детали за нападите врз Хутите

admin

Експлозија во близина на полициска станица во северно Косово

admin

Зара ја повлече контроверзната реклама

admin

Бизнисмени во пратеничките клупи

admin

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin

Тајни мејлови го поврзуваат Бил Гејтс со Епстин: тврдења за болест, антибиотици и ‘руски девојки’

admin