35.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Милановиќ: Има живот и без ЕУ

Зоран Милановиќ изјави дека Северна Македонија се соочува со неоправдано долг пат кон членство во Европската Унија и повика земјата самостојно да одлучи за својата иднина, по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб.

Милановиќ рече дека процесот на пристапување е обременет со услови кои не биле поставувани на други кандидати и кои, според него, не произлегуваат од европските правила.

„Се бараат отстапки што не се дел од европското право. Што и да направите, следи ново барање,“ изјави тој, додавајќи дека ситуацијата „наликува на лицитација“.

Хрватскиот претседател посочи дека Скопје треба да процени дали членството „по секоја цена“ е најдобрата опција. „Има живот и надвор од Европската Унија, и успешен и достоинствен,“ рече Милановиќ.

Сиљановска-Давкова изјави дека процесот на проширување е неоправдано забавен и дека земјата, и покрај долгогодишниот кандидатски статус и позитивните извештаи, сѐ уште се соочува со одложувања.

„Бараме исти стандарди какви што важат за сите други земји. Ништо повеќе,“ рече таа, нагласувајќи дека барањата за уставни измени излегуваат надвор од рамката на европските критериуми.

Таа додаде дека проширувањето на ЕУ не е само политичко и економско прашање, туку и прашање на безбедност и стабилност, и дека земјата е подготвена да ги исполни европските стандарди доколку добие фер третман.

Двајцата претседатели се согласија дека не треба да има двојни стандарди во процесот на пристапување.

Related posts

Владата ја одби понудата на Ryanair, условите ги оцени како „невозможни“

admin

КОВАЧЕВСКИ ПРЕДЛАГА НАГРАДА ПОРАДИ СПАСЕНИОТ СИСТЕМ НА ФЗО

ninja

СДСМ ја нападна реконструкцијата: „Српскиот свет“ добива влијание во 80 општини

admin

Ресенските јаболки најздрави во супермаркетите

admin

Тошковски добил казна за 1 км/ч преку ограничувањето, вели дека државата мора да важи еднакво за сите

admin

РУСКА ПРОПАГАНДА ПРЕД ИЗБОРИТЕ: Како Москва преку медиуми и вештачка интелигенција ја таргетира Косово

admin