29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Нафтата повторно над 100 долари

Цените на нафтата повторно се искачија над 100 долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди блокада на иранските пристаништа по неуспехот на мировните преговори, зголемувајќи ги стравувањата од продлабочување на глобалната енергетска криза.

Глобалниот репер Брент поскапе за околу 7% и достигна 102,30 долари за барел, додека американската нафта Вест Тексас Интермидијт порасна за 8,7% на 104,94 долари.

Цените на нафтата претходно паднаа под 100 долари минатата недела, откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен прекин на огнот кој предвидуваше повторно отворање на Ормутскиот теснец – клучна артерија за глобалните испораки на нафта и гас.

Но, неуспехот на преговорите ја зголеми неизвесноста на пазарите, особено поради ризикот од нови прекини во снабдувањето.

Ормутскиот теснец, низ кој поминува околу една петтина од светските енергетски испораки, стана клучна точка на конфликтот откако Иран се закани со напади врз бродови што ќе се обидат да минуваат низ него, како одговор на американско-израелските напади.

Испораките во голема мера се во застој од почетокот на војната на 28 февруари, што придонесе за раст на глобалните цени на енергијата и поскапување на горивата за потрошувачите.

Сепак, Иран продолжи со извозот на нафта. Според податоци на компанија за поморска анализа, од 1 март повеќе од 58 милиони барели нафта биле извезени од островот Харг, главната иранска извозна точка, при што над 90% биле насочени кон Кина.

Во неделата, Трамп објави дека „ефективно веднаш“, американската морнарица ќе започне со блокирање на сите бродови што се обидуваат да влезат или излезат од Ормутскиот теснец.

Американската Централна команда подоцна соопшти дека блокадата ќе се однесува на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области во теснецот, но нема да важи за пловни објекти што транзитираат кон неирански дестинации.

Аналитичарите предупредуваат дека цените ќе останат високи, зависно од тоа дали блокадата ќе се спроведе во целост и дали ќе продолжат дипломатските напори.

Tie велат дека цените сè уште не го рефлектираат целосниот обем на нарушувањата, бидејќи пазарите се надеваат дека испораките ќе се нормализираат.

„Ако тоа не се случи, цените ќе продолжат да растат“, велат тие.

Дополнителен фактор на неизвесност е дали двонеделниот прекин на огнот ќе се одржи. Ирански претставници порачаа дека земјата нема да се покори на закани, додека Револуционерната гарда предупреди дека секое воено присуство во теснецот ќе се смета за прекршување на договорот.

Ако Иран одлучи да го почитува прекинот на огнот, довербата на пазарите ќе се врати, но неговата одржливост ќе биде клучна за следните движења.

Во меѓувреме, берзите во Азија забележаа пад, при што јапонскиот индекс Никеи 225 се намали за 0,7%, а јужнокорејскиот Коспи за 1%, одразувајќи ја загриженоста за економските последици.

Азиските земји се особено погодени од кризата поради нивната зависност од блискоисточната нафта, што дополнително ја зголемува чувствителноста на регионалните пазари на секоја ескалација во конфликтот.

Related posts

Образовното „харикири“ на Јетон Шаќири

admin

Зошто ДУИ го поддржа законот на ВМРО-ДПМНЕ?

admin

НЕД го тужи Трамп: Запирањето на фондовите нанесува голема штета врз демократијата низ целиот свет

admin

350.000 евра во ѕид, судија на боледување: Судскиот совет решава за имунитетот на Ристов

admin

Кој е Пригожин, “готвачот” кој тргна по главата на Путин?

admin

Мандатот на Ковачевски – економски пожари, закочена евро-интеграција и зголемена корупција

admin