27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Црна статистика: 31 работник не се вратил дома

Во Северна Македонија во 2025 година се регистрирани 132 несреќи при работа, од кои 31 завршиле со смртен исход, покажуваат податоците на Македонското здружение за заштита при работа.

Податоците се објавени во Годишниот извештај за несреќи при работа и професионални заболувања за 2025 година, по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Безбедноста на работното место повторно се најде во фокус по несреќата на градилиште во скопската населба Кисела Вода, каде загина еден работник, а тројца беа повредени.

Најмногу несреќи се регистрирани во преработувачката индустрија – 33 случаи, потоа во градежништвото – 15, јавната управа и одбраната – 12, домаќинствата како работодавачи – 11, административните и помошните услужни дејности – 10, како и транспортот и складирањето – 9 случаи.

Од 31 загинат работник, 26 се мажи, а пет се жени. Најмногу смртни случаи има кај работници на возраст од 25 до 34 години.

Од Македонското здружение за заштита при работа порачаа дека анализата на повредите треба да се користи како алатка за учење, а не за критика.

„Секоја несреќа при работа може да се спречи со правилно планирање, соодветна обука и постојана будност“, наведуваат од здружението.

Во извештајот се нагласува дека безбедноста и здравјето при работа не се избор, туку обврска, а секој работодавач има должност да обезбеди услови работниците безбедно да се вратат дома.

Според податоците за периодот 2022–2024 година, вкупно 356 работници биле повредени, а 54 лица го загубиле животот при извршување работни задачи.

Здружението предупредува дека бројките не ги опфаќаат сите несреќи, смртни случаи и професионални заболувања, особено во неформалниот сектор, што укажува дека реалната состојба може да биде уште посериозна.

Related posts

ДКСК: 569 милиони денари приходи за кампањи, најмногу за пропаганда

admin

Нова авионска несреќа – 167 загинати (видео)

admin

Каракас се тресе од експлозии: Венецуела тврди дека САД извршиле воен напад

admin

Мицкоски во Унгарија на меѓувладин самит, средба со Орбан

admin

Предвремени избори или политички притисок?

admin

СТРАЗБУР ЗАСЕГА НЕ ГИ ОСЛОБОДИ ОД ГОНЕЊЕ ГРУЕВСКИ И ДРУГИ ЕКС-ФУНКЦИОНЕРИ

ninja