14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Власта останува цврста за уставните измени, опозицијата најавува проевропски фронт

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да поддржи уставни измени без конкретни гаранции, додека опозициската СДСМ најави засилување на активностите и формирање поширок проевропски фронт за деблокирање на евроинтеграциите.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека „нема поместување ниту милиметар“ кога станува збор за уставните измени без обезбедени гаранции, отфрлајќи ги критиките од опозицијата дека неговата позиција го кочи европскиот пат на земјата.

Тој повтори дека уставни измени не се можни без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека нема намера да ги продолжи, како што рече, „меките политики“ на претходната влада предводена од СДСМ.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави засилена политичка активност и обединување на проевропскиот блок, обвинувајќи го Мицкоски дека ја доведува во прашање иднината на земјата.

„Европската иднина на државата станува сè понеизвесна“, изјави Филипче, додавајќи дека опозицијата нема да дозволи блокирање на евроинтегративниот процес.

Изјавите на Мицкоски дека земјата е подготвена да чека и со децении пред вратите на Европската унија доколку не ги добие посакуваните гаранции предизвикаа реакции во јавноста.

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека во моментов нема политичко расположение за отворање на Уставот, посочувајќи дека за тоа е потребно двотретинско мнозинство кое засега не е обезбедено.

Related posts

Бугарите што работат во странство испратиле 1.32 милијарди евра средства во 2024 година 

admin

Села: Движењата на Таравари треба внимателно да се следат од Европскиот фронт

admin

Реагира ЕУ: Жалиме што Сиљановска-Давкова не го употреби уставното име

admin

Јотова го зголемува притисокот врз Скопје: Од април чекаме одговор за Ива Михајлова

admin

Објавени 161 таен документ за НЛО и вонземски феномени

admin

Џафери: Има време да се заменат документите до избори

admin