22.5 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

“Свети Стефан” повторно се отвора по пет години

Туристичкиот комплекс „Свети Стефан“ во Црна Гора ќе биде повторно отворен најдоцна до јуни 2026 година, по пет години затворање, по постигнат договор меѓу владата и закупецот „Адриатик Пропертис“.

Премиерот Милојко Спајиќ соопшти дека владата ги усвоила условите за спогодба во постапката што се води пред меѓународна арбитража во Лондон, со што се создадени услови за повторно ставање во функција на еден од најпрепознатливите туристички симболи на земјата.

Тој изјави дека по интензивни преговори е избегнат ризик од потенцијална финансиска штета што можела да надмине 100 милиони евра, додавајќи дека договорот обезбедува поповолни услови за државата и домашните компании.

Според договорот, приходите од закуп за „Свети Стефан“ и ХТП „Милочер“ ќе се зголемат, а разликата во киријата ќе биде исплатена без одложување. Договорот за закуп ќе биде продолжен за периодот во кој комплексот не бил во функција, со обврска хотелот повторно да се отвори до почетокот на летната туристичка сезона.

Компаниите „Аман“ и „Адриатик Пропертис“ потврдија дека подготовките за отворање се во тек, додавајќи дека точниот датум ќе биде објавен дополнително.

Властите очекуваат дека повторното отворање ќе има значително позитивно влијание врз туризмот и ќе го зајакне меѓународниот имиџ на Црна Гора како елитна туристичка дестинација.

Related posts

Советниците на СДСМ бараат вонредна седница и итни мерки по трагедијата во Кисела Вода

admin

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

admin

Њујорк доби нов градоначалник: Зохран Мамдани положи заклетва по полноќ

admin

Алијансата за Албанците го одреди списокот на кандидати за четири општини

admin

Сиљановска и Вучиќ го одбележаа 2 Август во „Прохор Пчински“

admin

Честитки од ЕУ, ОАЕ и Израел до Северна Македонија по повод Денот на независноста

admin