8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Буџетот е стабилен, засега не се планира зголемување на дефицитот

Владата засега не планира зголемување на буџетскиот дефицит и покрај економските предизвици и мерките за ублажување на кризата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека приходите во првиот квартал се во рамките на планираното, а фискалната политика останува насочена кон консолидација.

„Буџетскиот дефицит го намаливме од над 4,5 проценти на околу 3,5 проценти од бруто-домашниот производ. Како ќе се движи понатаму ќе зависи од глобалните економски текови“, изјави Мицкоски на прес-конференција.

Премиерот не ја исклучи можноста за мало зголемување на дефицитот во наредниот период, оценувајќи дека тоа ќе зависи од развојот на кризата.

„Можно е дефицитот да се зголеми за 0,2 или 0,3 процентни поени, но исто така можно е да нема потреба од таков чекор“, рече тој.

Според него, без трошоците за камати, јавните финансии покажуваат стабилна состојба.

„Ако се изземат каматите, имаме стабилна буџетска позиција, што наскоро ќе биде интересна вест за јавноста“, додаде премиерот.

Во однос на финансирањето на евентуалниот дефицит, Мицкоски изјави дека владата ќе избере најповолна опција, вклучувајќи домашни банки, меѓународни финансиски институции или билатерални заеми.

„Ќе ги разгледаме сите опции и ќе ги избереме најевтините извори на финансирање. Во контакт сме и со домашни банки и со меѓународни партнери“, рече тој.

Тој додаде дека кредитниот рејтинг на земјата останува стабилен или позитивен, за разлика од некои економии во регионот кои се соочуваат со негативни изгледи.

„Во изминатите две години успеавме да ги консолидираме јавните финансии и од економија под притисок да создадеме фактор на стабилност“, изјави Мицкоски.

Владата претходно усвои пакет мерки за ублажување на ценовниот притисок, вклучително намалување на ДДВ за горивата на 10 проценти и намалување на акцизите, со цел да се задржат цените на пониско ниво во услови на глобална енергетска криза.

 

Related posts

Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

admin

САД размислуваат за укинување на санкциите за дополнителна руска нафта

admin

Падна законот за двојни државјанства: Собранието ја отвори старата дилема

admin

Специјален обвинител за истрагата на синот на Џо Бајден

admin

Девојчето Вања жртва на „алчност за пари“, јавноста во шок

admin

Русија го заострува контролирањето на интернетот, блокира апликации и VPN услуги

admin