33.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Да нема никаква дилема“ – Владата останува на ставот против уставни измени

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски порача дека во моментов нема услови за уставни измени, нагласувајќи дека причината е недостигот на доверба и кредибилитет во однос на исполнувањето на обврските кон Северна Македонија.

По средбата со генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, Муцунски изјави дека Владата нема намера да презема чекори кон уставни измени во актуелниот политички контекст.

„Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката спрема нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема“, рече Муцунски.

Тој направи споредба меѓу однесувањето на Северна Македонија и Бугарија во рамки на Советот на Европа, посочувајќи дека Скопје ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, додека Софија, според него, тоа не го прави.

Главната порака од посетата, сепак, дојде од Берсе, кој изјави дека во последните 12 месеци има извесен напредок околу спроведувањето на пресудите на Судот во Стразбур поврзани со правата на македонското малцинство во Бугарија.

„Во Бугарија има серија на одлуки што не се исполнети. Работиме на тоа и имаме некој прогрес последните 12 месеци. Јас сум за практична, конкретна имплементација на пресудите, а не само симболична“, изјави Берсе.

Тој призна дека процесот трае предолго, но додаде дека Советот на Европа нема друг механизам освен постојан притисок врз земјите членки за почитување на пресудите.

Во однос на политичката состојба во Бугарија и можноста за дијалог со Софија, Муцунски рече дека Северна Македонија останува подготвена за разговори, но оцени дека во минатото недостигала волја од бугарска страна.

„Ако е прашањето дали сме подготвени за уставни измени во овој контекст и во оваа состојба – не сме подготвени. И да нема никаква дилема околу тоа прашање“, повтори министерот.

На заедничката прес-конференција беше соопштено и дека Северна Македонија следната година ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Related posts

Двојни победи и жестоки обвинувања: Кој навистина победи на повторените избори?

admin

Напорот на Русија да се врати на Месечината заврши со срамен крај

admin

Тајна средба во Речица: Ќе се врати ли Зиадин Села во игра со понуда од ВЛЕН?

admin

ЕУ ПРЕД ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Балканот повторно станува „буре барут“

admin

500 СТРАНИЦИ ЗАТЕМНЕТИ: Демократите го притискаат Трамп – Што се крие во досиејата за Епстин?

admin

Шолц повтори дека одбива да испрати ракети Таурус во Украина

admin