8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Додека патници чекале воз, НАТО вежбал војна со Русија под Чаринг Крос

Британската армија и НАТО спровеле голема воена симулација во напуштен дел од метро-станицата Чаринг Крос во Лондон, каде било сценарио за можен руски напад врз Балтикот и директен судир со Алијансата.

Во симулацијата, руската 69-та моторизирана дивизија започнувала офанзива кон Естонија, додека британскиот Сојузнички корпус за брза реакција координирал одбрана од подземен команден центар под Талин.

Операцијата ја организирало британското Министерство за одбрана, а во вежбата биле користени дигитални системи, дронови и технологии базирани на вештачка интелигенција, инспирирани од војната во Украина.

Американскиот генерал Алексус Гринкевич, врховен командант на НАТО, преку видео-врска им порача на војниците дека не станува збор за теоретска вежба.

„Ова е проба на плановите што веќе ги имаме и демонстрација на нашата способност да се бориме и да одвратиме закани“, изјавил Гринкевич.

Според британските команданти, НАТО во иднина планира масовна употреба на дронови, автономни системи и АИ-технологија за одбрана на источниот фронт на Алијансата.

Во рамки на симулацијата биле моделирани илјадници дронски мисии дневно во тек на тринеделна кампања, иако британската армија моментално располага со значително помал капацитет.

Клучен дел од вежбата бил дигиталниот систем „Асгард“, кој овозможува собирање и обработка на огромни количини податоци од бојното поле и носење одлуки за само неколку минути.

Британското Министерство за одбрана досега вложило околу 50 милиони фунти во програмата, а планирани се дополнителни инвестиции од речиси една милијарда фунти.

Американскиот генерал Кристофер Донахју изјавил дека НАТО веќе работи на создавање „одбранбен појас“ долж источната граница на Алијансата, кој ќе се базира на дронови, автономни системи и постојан пренос на податоци во реално време.

Според него, класичниот модел на војување со долги мобилизации и скапо оружје повеќе не е ефикасен во современите конфликти.

Related posts

ЕУ И САД – НАЈПОСАКУВАНИ ПАРТНЕРИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ninja

Трамп вели дека САД ќе го преземат Гренланд „на еден или друг начин“

admin

Ескалира политичката пресметка за водната криза: ВМРО бара истрага, СДСМ го обвинува Мицкоски за злоупотреба на Обвинителството

admin

Мицкоски со последен мандат – кој ќе биде негов наследник?

admin

Ковачки: Таравари треба да објасни дали е под притисок од СДС и ДУИ

admin

Евакуацијата на државјани од Блискиот Исток ја чинела државата околу 1 милион евра

admin