14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Документите за Груевски „заглавени“: СДСМ обвинува за одолговлекување на екстрадицијата

СДСМ соопшти дека постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски се одолговлекува, обвинувајќи дека документите „стојат во место“ во Министерството за правда.

Партијата реагираше по изјави од Министерството за правда, наведувајќи дека јавноста сè уште нема јасен одговор дали потребната документација е испратена.

„Наместо конкретни информации, добиваме бирократски објаснувања за ‘комплетирање на документацијата’“, соопштија од СДСМ на прес-конференција.

Од партијата прашаа зошто, според нив, повеќе од еден месец не е завршена постапката за подготовка и испраќање на документите за екстрадиција.

СДСМ наведува дека во други земји ваквите процедури се спроведуваат побрзо, додека во Македонија, како што велат, има застој.

Партијата тврди дека тоа создава сомнеж за постоење политичка волја да не се спроведе екстрадицијата.

„Граѓаните заслужуваат јасен одговор зошто документите се заглавени во Министерството за правда“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека јавноста има право да знае дали постапката ќе биде спроведена до крај или, како што тврдат, намерно се одолговлекува.

Related posts

Владата балансира околу балансерот

admin

Наскоро процесирање на лицата од црната листа на САД?

admin

Новата развојна банка БРИКС го овласти Алжир да се приклучи

admin

Сирискиот брег во пламен: Жестоки судири меѓу новата власт и приврзаниците на Асад

admin

Македонија влегува во европската АИ-лига: Што ќе донесе „Везилка“?

admin

Од Ново Село до Белград: СДСМ гледа „српско сценарио“, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за режиран инцидент

admin