20.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Државниот врв: Делото на Кирил и Методиј е темел на македонскиот идентитет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски денеска упатија честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Во пораките тие го истакнаа значењето на делото на светите браќа за македонскиот јазик, култура, духовност и национален идентитет.

Сиљановска-Давкова оцени дека делото на Кирил и Методиј претставува историско и цивилизациско наследство со обединувачка моќ за словенските народи.

„Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија“, порача претседателката, додавајќи дека без култура, образование и вредносен систем не може да се изгради доверба и заедништво во едно општество.

Премиерот Мицкоски порача дека делото на Светите Кирил и Методиј останува темел на духовниот и културниот идентитет и повика на зачувување на јазикот и националните вредности.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во честитката истакна дека просветителската мисија на Кирил и Методиј и денес претставува инспирација за знаење, дијалог и меѓусебно почитување.

По повод празникот честитки упатија и политичките партии, како и Министерството за образование и наука.

Од Министерството за образование и наука порачаа дека Светите Кирил и Методиј оставиле траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи.

„Наша обврска е да градиме силен образовен систем кој ќе создава генерации со знаење“, наведоа од Министерството.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повика на зачувување на македонскиот јазик и обезбедување европска иднина за државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека делото на Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја и претставува светлина што треба да се чува и негува.

Related posts

Пендаровски со втора реакција: Чудно е зошто ВМРО-ДПМНЕ не разбира што се случило во петокот

admin

Кој е Виктор Орбан, унгарскиот премиер што се бори да остане на власт по 16 години?

admin

НАТО министерски состанок – поддршка за Украина, Западен Балкан е од стратешко значење за Алијансата

admin

Политички пресврт, галопирачки цени, црна листа: Како македонските граѓани ја поминаа 2024 година

admin

Младите во Северна Македонија сè поскептични кон ЕУ: корупцијата главна пречка

admin

Привременото одобрување од САД за увоз на руска нафта од Индија може да го ублажи ценовниот притисок

admin