14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Луксуз во Маврово и бизнис на аеродром: ДУИ отвори прашања за имотот на директорот на НОМАГАС

Демократската унија за интеграција соопшти дека објавува нови информации поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама, отворајќи, како што наведуваат, „сериозни прашања“ за потеклото на неговиот капитал и имот.

Од ДУИ тврдат дека компанијата „LINE LTD DOO Skopje“, која е во сопственост на Недим Рама и партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари, е регистрирана за изнајмување возила и се наоѓа на официјалната листа на rent-a-car компании на Меѓународниот аеродром Скопје.

„Го прашуваме Недим Рама: со каков капитал и од кои извори се обезбедени средствата за набавка на овие возила и колкава е нивната вредност?“, наведуваат од партијата.

ДУИ дополнително тврди дека преку истата бизнис-структура се издаваат и луксузни апартмани во Маврово.

Според партијата, по извршен увид во катастарските податоци, два апартмани се поврзуваат со Недим Рама – едниот во негова лична сопственост, а другиот во сопственост на компанијата „LINE LTD DOO Skopje“.

Во едниот имотен лист, како косопственик се споменува и Лирим Хајредини, со идеален дел од половина од имотот заедно со Недим Рама.

„Се поставуваат легитимни прашања: како е можно државен функционер да располага со капитал за флота возила за rent-a-car компанија и со недвижности со висока вредност? Од кои извори се обезбедени средствата за овие инвестиции?“, прашуваат од ДУИ.

Партијата отвора и политичка димензија на случајот, прашувајќи дали зад, како што велат, „брзиот раст на капиталот и деловните активности“ стои поширока политичко-бизнис мрежа блиска до Изет Меџити.

„Јавноста има право да знае дали Недим Рама дејствува како поединец или е дел од поширок круг на влијание и интереси“, додаваат од ДУИ.

Партијата ги повика Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да спроведат детална проверка на потеклото на капиталот, финансиските текови и целокупната имотна состојба.

„Граѓаните имаат право на одговори. Транспарентноста не смее да биде селективна, особено кога станува збор за јавни функционери“, наведуваат од ДУИ.

Related posts

Четири илјади заболени: Кој навистина потфрли во кризата со водата во Гостивар?

admin

Европа подготвена да помогне во Хормуз, но само по прекин на огнот

admin

Хакери украле над 100 милиони долари во биткоин – една софтверска грешка им ги отворила паричниците

admin

Историски железнички договор за поврзување на Скопје и Софија

admin

Саудиска Арабија го пренасочува извозот на нафта преку Црвеното Море поради ризиците во Ормускиот теснец

admin

На Германија ѝ фалат голем број информатичари и техничари

admin