21.9 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Свечена академија во Тетово во чест на медицинските сестри

Министерот за здравство Азир Алиу порача дека медицинските сестри и акушерките имаат клучна улога во здравствениот систем и општеството, нагласувајќи дека нивната професија претставува повеќе од работа – секојдневна грижа, хуманост и поддршка за пациентите.

На свечената академија во Тетово, организирана од Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, Алиу истакна дека медицинските сестри се „столбот на здравствената заштита“.

„Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерките ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства“, рече Алиу.

Тој нагласи дека без стручноста, пожртвуваноста и човечкиот пристап на медицинскиот персонал е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем.

„Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем – од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега“, истакна министерот.

Во своето обраќање Алиу ја потенцираше и заложбата за подобрување на условите за работа, професионалниот развој и зајакнувањето на кадарот во јавните здравствени установи.

Тој упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната професионалност, посветеност и секојдневна грижа за пациентите.

Related posts

ЕУ предлага проширување на „Roam Like at Home“ на Западниот Балкан

admin

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

admin

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin

Ахмети против Иран: Поддршката за САД е стратешка одлука

admin

Филипче: На Владата не ѝ оди, подготвени сме за избори

admin

ЕУ отвора врата за решение: Нова визна стратегија носи олеснување за камионските превозници од Западен Балкан

admin