19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Студентите во паника, министерката тврди: „Ништо не се кратело“

Министерката за образование изјави дека нема намалување на бројот на студентски стипендии и дека обвинувањата на претставуваат манипулација со јавноста.

Во реакција објавена на социјалните мрежи, Јаневска посочи дека измените на Законот за студентски стандард не предвидуваат укинување или кратење на стипендии, туку подобра распределба на средствата според успехот на студентите, потребите на државата и пазарот на трудот.

Според неа, бројот на студентски стипендии не се дефинира со закон, туку се утврдува секоја година врз основа на буџетот и државните приоритети.

„Да се тврди уште сега дека има намалување на стипендиите е чиста манипулација“, наведе .

Таа додаде дека во изминатите пет години квотата за социјални стипендии не била целосно исполнета, поради што дел од средствата останувале неискористени.

Јаневска ги отфрли и критиките дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, посочувајќи дека во законските измени не е наведена конкретна сума што би ја плаќале студентите.

Министерката најави и нов закон со кој државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

Дополнително, таа соопшти дека летово ќе започне реконструкција на сите студентски домови во државата, кои треба да станат енергетски ефикасни и модерно опремени.

Претходно, подмладокот на обвини дека со предложените измени на Законот за студентски стандард власта директно удира врз студентите преку намалување на поддршката и воведување нови критериуми за сместување.

Од возвратија дека тврдењата на опозицијата се неточни и политички мотивирани.

Измените на Законот за студентски стандард се во собраниска процедура и моментално се наоѓаат во фаза на второ читање.

Related posts

КОВАЧЕВСКИ: И БЕЗ ДС ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО Е СТАБИЛНО

ninja

Рама ја откажа меѓувладината средба со Косово, зборува за санкции против Курти

admin

Европа под воен притисок: НАТО подготвува нова ера на масовно вооружување

admin

Најмалку 27 Палестинци убиени додека чекале хуманитарна помош во Рафах – јавуваат здравствени власти во Газа

admin

Мицкоски на средба со Касаноф: Американска поддршка за Македонија и приоритети за иднината

admin

Европратеници бараат Русија да не учествува на Венециското биенале

admin