8.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали насмевката на Лимани го откри ли исходот од владината реконструкција?

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „Фатмир Лимани е со мене“, проследена со насмевката на министерот за социјална политика, отвори нови шпекулации околу неговата политичка иднина и односите во коалицијата ВЛЕН.

За време на денешната посета на Кичево, Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за позицијата на Лимани, кусо изјави: „Не гледате ли дека е со мене?“

По изјавата, Лимани се насмевна, што дел од медиумите и политичките аналитичари го протолкуваа како сигнал за блискост и политичка координација меѓу двајцата.

Дел од структурите на ВЛЕН ги засилуваат најавите дека Лимани би можел да биде разрешен при првата реконструкција на Владата, која според претходните изјави на Мицкоски се очекува во периодот мај–јуни.

Тензиите дополнително се зголемија по неодамнешните јавни критики на Лимани кон раководството на ВЛЕН, во кои тој зборуваше за „разочарување“, внатрешни пресметки и отстапување од првичните идеали на коалицијата.

Во политичките кругови, денешната сцена од Кичево се толкува како обид на Мицкоски да испрати порака дека конечната одлука за судбината на Лимани сè уште не е донесена.

Related posts

Хрватска воведува нов данок – од 0,6 до 8 евра по квадратен метар за празен стан

admin

Таравари во Тирана кај Рама: Разговор со „најевропскиот премиер на моментот“

admin

Стармер оди во Пекинг: економски спас за Британија или опасен судир со Трамп?

admin

ЕК загрижена од измените на Кривичниот законик

admin

Колку ќе ве чини летување во Турција оваа година?

admin

Ристоска поднесе оставка по одземањето на „Талир“

admin