20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Собир пред српскиот конзулат во Куманово – поддршка за Александар Вучиќ

Во Куманово, пред српскиот конзулат, за сабота, 23 мај, е најавен собир за поддршка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Организатор на собирот е здружението „Мир, слога, стабилност“, кое и претходно се појавуваше како организатор на граѓани кои патувале на митинзи во Србија за поддршка на Вучиќ.

Собирот во Куманово се најавува во ист ден кога студентите во Србија планираат нов митинг на плоштадот „Славија“ во Белград, како дел од кампањата „Студентите победуваат“.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека е информиран за собирот и дека добил покана, но нема да присуствува.

„Имам покана, но физички не сум присутен во Куманово и нема да одам“, изјави Димитриевски.

Тој рече дека до Општина Куманово не е доставено барање за користење јавен простор.

„Кога се прави митинг на јавен простор, се бара согласност од Општината за обезбедување јавен простор, но такво барање до нас не е пратено. Тие си организираат собир во конзулатот и тука не може да се мешаме“, рече Димитриевски.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека собирот е пријавен од здружението „Мир, слога, стабилност“.

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој е и лидер на Демократската партија на Србите, изјави дека нема да присуствува бидејќи патува во Кина.

Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го собирот, рече дека не поддржува никакво надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија.

„Апсолутно. Не поддржувам било какво надворешно мешање врз внатрешните политики во Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата нема намера да се меша во внатрешните политики на други држави.

„Ние како Влада апсолутно немаме намера, ниту пледираме, ниту некогаш сме се мешале во внатрешните и независни политики на било која држава“, рече Мицкоски.

Опозицискиот СДСМ реагираше со обвинување дека ВМРО-ДПМНЕ организира граѓани од Македонија за митинг во поддршка на Александар Вучиќ.

Од партијата на Венко Филипче оценија дека тоа претставува „срамно мешање во внатрешните работи на друга држава“.

„Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контрамитинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ“, соопшти СДСМ.

СДСМ го спомена и вицепремиерот Иван Стоилковиќ, тврдејќи дека учествува во организацијата по договор со Милош Вучевиќ.

„Ова не е случајност. Ова е дел од истата мрежа: Орбан – Вучиќ – Мицкоски“, наведоа од партијата.

Меѓународниот секретар на СДСМ, Андреј Жерновски, праша како би реагирала власта ако во Македонија се организирал собир за поддршка на бугарскиот премиер Румен Радев.

„Кога во Куманово јавно се организира политички собир за поддршка на братот Вучиќ – тогаш молк. Нема патриотски говори. Нема драматични статуси. Нема осуди“, напиша Жерновски.

 

Related posts

Црвен тепих, воени почести и заедничка порака: Што договорија Си и Ким во Пјонгјанг?

admin

СКСЗМ СО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

ninja

Сенатори: Шефот на одбраната ја преувеличил американската „победа“ во Иран

admin

Сиљановска: Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот

admin

Незири во Аргумент плус: Победата на Курти носи две опции, коалициска Влада или техничка Влада и нови избори

admin

Преживеан сведочи дека недостасувале безбедносни мерки во кочанската дискотека „Пулс“

admin