18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Софија повторно го заострува курсот кон Скопје? Еден збор предизвика дипломатски судир

Бугарија испраќа први сигнали дека повторно ќе го заостри пристапот кон Северна Македонија, оценуваат бугарски аналитичари и медиуми, по дипломатската тензија што ја предизвика употребата на терминот „северномакедонски партнери“ од страна на новата министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

Во анализа објавена од „Дојче веле“ на бугарски јазик, се наведува дека формулацијата не била случаен дипломатски гаф, туку „прв внимателно одмерен сигнал“ дека Софија повеќе нема да ги избегнува чувствителните теми поврзани со идентитетот, јазикот и евроинтеграциите на Северна Македонија.

Тензијата се појави по кратката средба на Петрова-Чамова со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во Брисел. По разговорот, бугарската страна соопшти дека Софија останува на ставот дека уставните измени се клучен услов за напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија.

Но реакциите во Скопје се фокусираа на употребата на изразот „северномакедонски партнери“. Муцунски оцени дека таквата формулација е „несоодветна и неточна“, нагласувајќи дека „Македонците се Македонци“ и дека станува збор за прашање на достоинство и идентитет, а не на политика.

Поради изјавата, бугарскиот амбасадор во Скопје Желјазко Радуков беше повикан во Министерството за надворешни работи, каде му беше врачена усна дипломатска нота.

Според анализата, Петрова-Чамова, која претходно била заменик-министер за надворешни работи и работела на досието за Северна Македонија, добро ги познава чувствителните аспекти на спорот и „знае што прави“.

Во текстот се потсетува дека токму бугарската позиција околу уставните измени беше вградена во т.н. „француски предлог“ од 2022 година, кој предвидува внесување на Бугарите во македонскиот Устав пред отворањето на преговарачките поглавја со ЕУ.

Четири години по укинувањето на бугарското вето, Северна Македонија сè уште не ги усвои уставните измени, а владата во Скопје повторно порача дека во моментов нема подготвеност за таков чекор.

Дополнителни тензии предизвикува и новиот извештај за напредокот на Северна Македонија во Европскиот парламент, подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. Бугарските европратеници реагираа на предлозите за преиспитување на делови од договорената рамка меѓу Софија и Скопје, предупредувајќи дека не смее да се отвора веќе постигнатиот компромис.

Аналитичарите оценуваат дека тврдата реторика кон Скопје и понатаму носи политички поени во Бугарија, особено во период на внатрешни политички турбуленции и растечки националистички тонови.

Related posts

Раскол во НАТО околу Украина – Британија и Франција го блокирале планот на Руте

admin

КУРТИ: АКО ИМА ВОЛЈА, ЌЕ ИМА И ДОГОВОР ЗА КОСОВО И СРБИЈА

ninja

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

Нетанјаху: Иран е ослабен, конфликтот брзо ќе заврши 

admin

Почна предизборната кампања за локалните избори на 14 мај во Албанија

ninja

Пожари се доближуваат до селата – државата неподготвена, граѓаните сами се бранат!

admin