18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Бугарски аналитичар: „Бугарија ја загуби битката со Скопје“

Употребата на терминот „северномакедонци“ од страна на бугарски политичари и функционери предизвикува нови поделби во Бугарија, откако аналитичари и јавни личности оценија дека таквиот пристап не само што ги навредува Македонците, туку и дополнително ја оддалечува Софија од влијание во Северна Македонија.

Во коментар објавен во бугарскиот медиум „Фактор“, аналитичарот Николај Василев оценува дека Бугарија е „чист губитник“ во политичкиот „гамбит“ со Скопје, а терминот „северномакедонци“ го нарекува „израз на горчина“ поради неуспехот на бугарската политика кон Македонија.

Реакциите следуваат по дипломатската тензија што ја предизвика новата бугарска министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, која во Брисел ги нарече претставниците од Скопје „северномакедонски партнери“. Поради тоа, бугарскиот амбасадор во Скопје беше повикан на разговор во македонското Министерство за надворешни работи.

Василев наведува дека Петрова-Чамова, која претходно работела на досието за Северна Македонија, сигурно знаела дека терминот е чувствителен и навредлив за македонската страна.

Во текстот се наведува дека Бугарија со години немала јасна стратегија кон Скопје, додека Грција успеала да го постигне својот главен приоритет преку Преспанскиот договор – промена на името на државата во „Република Северна Македонија“.

Авторот оценува дека Софија наместо да се обиде да ги „придобие срцата на Македонците“, со ветото, меморандумите и оспорувањето на македонскиот јазик создала дополнителен отпор кон Бугарија.

„Имаше македонски интелектуалци и политичари подготвени за заеднички историски наратив, но Бугарија продолжи со шаблони и неразбирање“, пишува Василев.

Тој предупредува дека со ваквата политика Софија индиректно придонела за зајакнување на политичари како Христијан Мицкоски и Тимчо Муцунски, кои денес водат поцврста политика кон Бугарија.

Во анализата се наведува и дека македонската нација и јазик одамна се политичка и општествена реалност, а според авторот, Бугарија не успеала навреме да ја разбере комплексноста на процесите што довеле до формирање на современиот македонски идентитет.

 

Related posts

Од Ново Село до Белград: СДСМ гледа „српско сценарио“, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за режиран инцидент

admin

САД затвораат пет дипломатски мисии, критичарите предупредуваат: Кина ќе го пополни вакуумот

admin

БЕРБОК: МОЖЕН НЕУСПЕХ НА КЛИМАТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ninja

Јавното претпријатие за патишта пред колапс: 12 години со блокирана сметка

admin

За 2 месеци Русија потроши 26 милиарди долари за одбрана

admin

Довербата на Американците во судскиот систем на рекордно ниско ниво, покажа анкета

admin