18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Грција подготвува мерки за помали гужви на Евзони: Биометриските контроли создаваат доцнења

Грчките власти разгледуваат нов пакет мерки за забрзување на протокот на патници и возила на граничните премини, откако воведувањето на европскиот систем за влез и излез (EES) предизвика дополнителни доцнења при контролите.

Одлуката била донесена на состанок во Солун, свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за Македонија и Тракија, Константинос Гулекас, со учество на претставници на институции, безбедносни служби и локални власти.

Според грчкото Министерство за внатрешни работи, мерките вклучуваат дополнително зајакнување на информатичките системи и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на сообраќајот на премините Евзони кон Северна Македонија и Кипи кон Турција.

Гулекас истакнал дека туристичкиот и трговскиот сообраќај кон Грција постојано расте, додека новите европски правила за проверка на биометриски податоци на секој патник создаваат дополнителни оптоварувања за полициските контроли.

„Целта е целосна координација на сите надлежни служби и побрзо спроведување на процедурите“, соопшти Министерството.

За денеска се предвидени теренски посети на специјални тимови на премините Евзони и Кипи, кои ќе ја оценат можноста за итна примена на дополнителните мерки.

Во тимовите ќе учествуваат претставници на регионалните власти, полицијата, царинските служби и локалните самоуправи.

Министерот за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, изјави дека Грција мора целосно да ја имплементира европската регулатива, бидејќи Европската комисија инсистира на нејзина примена.

Тој откри дека веќе добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија во врска со проблемите што ги создава новиот систем.

Според Хрисохоидис, предизвикот има две димензии – самиот процес на биометриска регистрација и застарената инфраструктура на грчките гранични премини.

Новите мерки треба да помогнат во намалување на времето на чекање во пресрет на летната туристичка сезона, кога се очекува дополнително зголемување на сообраќајот кон грчките туристички дестинации.

Related posts

„Кафе“ за Орбан, зелено светло за Киев, разочарување за РСМ

admin

ЕУ усвои значаен документ – се подготвува за проширување

admin

Макрон најави заострување на ставот кон Израел ако продолжи да ја блокира хуманитарната помош за Газа

admin

Магјар го разочара Киев: Унгарија нема да испраќа оружје за Украина

admin

Шефот на RCC ја отвори CEFTA Неделата во Приштина, се сретна со Курти за регионалните пазарни реформи

admin

Државниот врв: Делото на Кирил и Методиј е темел на македонскиот идентитет

admin