-0.2 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Раскол во НАТО околу Украина – Британија и Франција го блокирале планот на Руте

Велика Британија, Франција и уште неколку членки на НАТО го блокирале предлогот секоја земја од Алијансата да издвојува 0,25 отсто од својот БДП за воена помош за Украина, објави „Телеграф“, повикувајќи се на извор од НАТО.

Планот бил поврзан со настојувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, товарот за поддршка на Киев да биде порамномерно распределен меѓу членките на Алијансата.

Руте на 22 мај изјави дека предлогот најверојатно нема да биде прифатен поради силен отпор меѓу сојузниците.

„Не мислам дека ова ќе биде прифатено, бидејќи има големо противење на фиксните 0,25 отсто“, рече Руте.

Тој не ги именуваше земјите што се спротивставиле на планот. Извор од НАТО за „Телеграф“ изјави дека противници на предлогот биле Велика Британија, Франција, Канада, Италија и Шпанија.

„Тие не се многу ентузијастични за идејата“, изјави изворот.

Според истиот извор, најмалку седум членки на НАТО го поддржале планот. Сите тие, според извештајот, веќе издвојуваат повеќе од 0,25 отсто од БДП за воена помош за Украина.

Руте изјави дека НАТО мора подобро да го распореди товарот на поддршката за Киев.

„Она што сакам да го постигнам е товарот да биде порамномерно распределен. Во моментов само шест или седум сојузници го носат главниот товар“, рече Руте.

Веста доаѓа по одлуката на британската влада да ги олесни дел од санкциите поврзани со руската нафта, што предизвика реакции во Украина и меѓу европски претставници.

Лондон на 19 мај издал привремена дозвола за увоз на дизел и авионско гориво произведено од руска нафта, доколку производите биле преработени во трета земја. Британската влада издала и дозвола за поморски транспорт и испорака на течен природен гас од руските терминали Сахалин-2 и Јамал ЛНГ.

Британските власти подоцна се извинија за начинот на кој била претставена одлуката, но дозволите останале во сила.

Одбивањето на Франција да го поддржи планот, според извештајот, го доведува во прашање и имиџот на Париз како еден од главните европски поддржувачи на Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ја предводат таканаречената „Коалиција на волјата“, група сојузници кои работат на долгорочни безбедносни гаранции за Киев.

НАТО треба да го одржи годишниот самит во Анкара во јули. Украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да присуствува, но сè уште не го потврдил учеството.

По враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа во 2025 година, САД значително ја намалија поддршката за Украина и побараа Европа да преземе поголем дел од финансискиот товар.

Трамп ја отфрли можноста Украина да напредува кон членство во НАТО и повеќепати се закани со повлекување на САД од Алијансата.

Related posts

Путин му возврати на Трамп: Дали НАТО е „хартиен тигар“?

admin

Итен апел до пратениците: Не гласајте закон што ја остава службата заглавена

admin

Истражување на Гардијан: С.Македонија е најзагадена земја во Европа

admin

Здравството се модернизира: 100 нови амбулантни возила за побрза интервенција

admin

Совет на амбасадори на САД престојуваа во Скопје: Да не зе блокира евроинтеграцијата на С.Македонија

admin

12 мртви и над 300 повредени во Ријад, Трамп не исклучува американски

admin