Претседателот на СДСМ, , изјави дека македонскиот национален идентитет не е загрозен од внесувањето на малцинствата во Уставот, туку од криминалот и корупцијата на премиерот и ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата“, рече Филипче.
Тој оцени дека власта намерно ја изолира државата од Европа за, како што наведе, да ја зачува „криминалната банда на власт“.
„Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет“, изјави лидерот на СДСМ.
Според него, продолжувањето на европскиот пат би значело примена на европски закони и правда, како и воспоставување европски стандарди во правосудството.
„Тоа значи крај на наместените тендери и партискиот грабеж на државните пари“, рече Филипче.
Тој обвини дека власта свесно го блокира европскиот процес за да ги зачува сопствените политички и економски интереси.
„Националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси“, додаде тој.
Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи македонскиот идентитет да се користи како „штит за криминал и корупција“.
„Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија“, рече тој.
На крајот, лидерот на СДСМ оцени дека изборот пред граѓаните е „јасен“.
„Европска Македонија или криминална изолација“, изјави Филипче.

