18.1 C
Скопје
5 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Една милијарда долари размена со Турција – Владата бара нов инвестициски бран

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика турските компании да инвестираат во Северна Македонија, оценувајќи дека земјата нуди стабилна деловна средина и можност за пристап до европските пазари.

Говорејќи на бизнис-форумот Северна Македонија – Турција во Истанбул, Мицкоски изјави дека постои значителен интерес кај турските компании за вложувања во земјата и оти целта на посетата е продлабочување на економските врски и поттикнување нови инвестиции.

„Нашата цел е македонската економија и домашните компании да се поврзат со бизнисите во Турција. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а во следните два дена ќе ги презентираме можностите што ги нуди нашата економија и поддршката што Владата ја обезбедува за странските инвеститори“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека традиционално добрите односи меѓу двете земји претставуваат солидна основа за понатамошно продлабочување на економската соработка.

Според премиерот, турските компании преку инвестиции во Северна Македонија можат да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироките пазари.

На форумот учествуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Муцунски соопшти дека трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција во 2025 година достигнала една милијарда американски долари и оцени дека постои простор за натамошен раст.

„Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Сали истакна дека процесот на европска интеграција отвора дополнителни можности за инвеститорите преку европските фондови и Планот за раст на Европската Унија, додека Дурмиши рече дека Владата останува посветена на создавање предвидлива и конкурентна деловна средина.

Во рамки на форумот беше презентирана и Мапата за инвестирање во Северна Македонија, која содржи информации за инвестициските потенцијали, развојните зони и можностите за вложување во земјата.

Настанот заврши со билатерални средби меѓу македонски и турски компании, посветени на разгледување можности за нови партнерства и инвестициски проекти.

Related posts

Жерновски бара истрага за врските на Владата со Унгарија

admin

ЗОШТО МНОЗИНСТВОТО Е ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ?

ninja

Мицкоски: Нема запирање до целосна разврска – или ние – Македонија, или тие – мафијата

admin

ЕУ и Британија закажаа клучен самит: Дали почнува нова ера по Брегзит?

admin

Се „гуши“ ли Скопје од трговски центри среде беспарица и бетон

admin

ФОТО Тешка сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, има и загинати

admin