18.8 C
Скопје
24 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

ЕУ објави нова ранг-листа: Еве каде граѓаните живеат најдобро, а каде најтешко

Материјалната благосостојба на домаќинствата и понатаму значително се разликува меѓу земјите членки на Европската Унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Според статистичката служба на ЕУ, реалната индивидуална потрошувачка по жител (AIC), која се смета за еден од најрелевантните показатели за животниот стандард, се движела од 73% до 145% од просекот на ЕУ.

Луксембург е на врвот на листата со ниво на потрошувачка 45% над европскиот просек, пред Германија со 20% и Холандија со 19%.

Од друга страна, најниско ниво на индивидуална потрошувачка е регистрирано во Унгарија и Летонија, кои се наоѓаат 27% под просекот на ЕУ, додека Естонија е 26% под просекот.

Податоците покажуваат дека осум земји членки имаат повисока индивидуална потрошувачка од европскиот просек, додека останатите 19 се под него.

Евростат објави и податоци за бруто домашниот производ (БДП) по жител, кој ја мери економската активност. И тука се забележуваат големи разлики меѓу членките на Унијата.

Луксембург повторно е на првото место со БДП по жител 139% над просекот на ЕУ, веднаш пред Ирска со 138% и Холандија со 33%.

На дното на листата се Грција и Бугарија, чиј БДП по жител е 32% под европскиот просек, додека Летонија е 29% под просекот.

Економистите посочуваат дека реалната индивидуална потрошувачка често дава пореална слика за животниот стандард отколку БДП по жител, бидејќи директно ги мери стоките и услугите што ги користат домаќинствата.

Related posts

Почна одбројувањето: Кои министри ќе ја преживеат владината реконструкција?

admin

Филипче: Владата ќе падне, ќе има предвремени избори

admin

Скопјанец ограбен во Дренас, Косово – украдена лична документација

admin

„Отворен Балкан“ ќе поттикне економски раст, рече Ескобар по средбата со македонска владина делегација во Вашингтон

ninja

Грција ги легализира истополовните бракови

admin

Русија го нападна Киев со речиси 500 дронови и десетици ракети

admin