19.8 C
Скопје
22 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Новиот клинички центар се сели кај „Борис Трајковски“? Владата веќе преговара за земјиштето

Владата останува на ставот дека новиот клинички центар во Скопје треба да се гради на локацијата кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а во тек се преговори за преземање на земјиштето предвидено за реализација на проектот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека парцелата е во приватна сопственост и дека Владата разговара со сопственикот за можноста да се изврши размена на земјиште.

„Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот ‘Борис Трајковски’. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме целиот комплекс со подземен тунел да биде поврзан со болницата ‘8 Септември’“, изјави Мицкоски на брифинг со новинарите.

Според него, во рамки на идниот здравствен комплекс би биле интегрирани и ПЕТ-центарот и Поликлиниката „Букурешт“, со што би се создала единствена здравствена целина.

Премиерот оцени дека локацијата кај ГОБ „8 Септември“ е најсоодветна за изградба на нов клинички центар, пред сè поради постојната сообраќајна инфраструктура и можноста за функционално поврзување на повеќе здравствени установи.

Мицкоски додаде дека е задоволен од текот на разговорите со сопственикот на земјиштето, но не соопшти рокови за завршување на преговорите или за почеток на изградбата на проектот, кој со години се наоѓа меѓу клучните инфраструктурни приоритети во здравствениот сектор.

Related posts

„Тројански коњ на Балканот“ – нова ескалација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

„Форин аферс“ предупредува: Светскиот мир се распаѓа, Обединетите нации ја губат улогата

admin

ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИЛМА РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

ninja

Трамп: Прерано е да се утврди целосниот обем на ударите врз Иран

admin

Д-р Анди Хоџај: Обединетото Кралство може и треба да игра поголема улога во Западен Балкан

admin

Тајни разговори со Бугарија: Муцунски тврди дека се бара трајна деблокада на патот кон ЕУ

admin