30.5 C
Скопје
5 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска отвори нова дилема: Дали јавноста погрешно го чита договорот со Бугарија?

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека е можно Протоколот 2 меѓу Северна Македонија и Бугарија да се интерпретира погрешно во домашната јавност, но додаде дека неговото вклучување во Преговарачката рамка на Европската Унија му дава значење што не може да се занемари.

 

Во интервју за „360 степени“, таа оцени дека Протоколот 2 претставува записник меѓу двајца министри за надворешни работи и дека не може правно да го менува или дополнува Договорот за пријателство и добрососедство.

„Можно е и тоа. Не знам дали погрешно, ама штом станало дел од Преговарачката рамка и штом за неа гласале 27 држави, тогаш ирелевантна е вашата логична мисла“, рече Сиљановска-Давкова.

Во разговорот посебно беше отворено прашањето за улогата на Заедничката историска комисија, која често е претставувана како еден од најконтроверзните аспекти на односите меѓу Скопје и Софија.

Според претседателката, историските комисии треба да функционираат како сличните европски модели, без временски ограничувања и без нивната работа да биде директно поврзана со процесот на пристапување во Европската Унија.

Од друга страна, самиот Протокол нема експлицитни условувања за резултатите од работата на Комисијата, туку само охрабрување таа да ја заврши својата работа до моментот на членство на земјата во ЕУ.

Сиљановска-Давкова рече дека токму фактот што овие одредби биле внесени во Преговарачката рамка создава политички последици и отвора простор за различни толкувања.

„Не треба да се креира историја преку договор. Тоа е спротивно на логиката на науката“, рече таа.

Дебатата за Протоколот 2 и неговото значење останува едно од клучните прашања во македонската јавност, особено во контекст на европските интеграции и обврските што произлегуваат од преговарачката рамка усвоена во 2022 година.

Related posts

Дали Ахмети испрати заканувачко писмо до Мицкоски?

admin

Пеци: Косово има потреба од влада со албанско мнозинство – малцинствата не треба да ја кројат судбината на државата

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари

admin

Ахмети и Меџити со различни пристапи кон протестот во Приштина за поранешните команданти на ОВК

admin

КОРУПЦИЈАТА Е ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, РЕШЕНИЕТО Е ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС КОН ЕУ, РЕЧЕ ЕСКОБАР

ninja

МАКЕДОНИЈА СЕ СОПНУВА ОД СЕКОЈ КАМЕН ФРЛЕН КОН БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ

ninja