23.8 C
Скопје
6 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Што не функционира во здравството? Почнува првата национална проценка

Министерството за здравство, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), започна национална иницијатива за унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите.

Иницијативата беше официјално претставена на национална работилница во Скопје, на која учествуваа министерот за здравство Азир Алиу, претставникот на СЗО во Северна Македонија, д-р Аким Али, и раководителот на Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, д-р Жоао Бреда.

На настанот присуствуваа претставници на Агенцијата за акредитација и квалитет на здравствената заштита, Фондот за здравствено осигурување, Институтот за јавно здравје, здравствени установи, академската заедница, професионални здруженија и пациентски организации.

Во рамки на иницијативата ќе биде спроведена првата сеопфатна проценка на националната рамка за квалитет на здравствената заштита во земјата. Процесот ќе вклучи консултации со институции, стручни здруженија, академски експерти, пациентски организации и други засегнати страни.

Целта е да се добие јасна слика за постојните практики и предизвици во здравствениот систем, како и да се утврдат приоритетите за идните политики, реформи и инвестиции.

Од Министерството за здравство посочуваат дека квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите се клучни елементи на реформскиот процес и предуслов за поефикасен, поодговорен и поодржлив здравствен систем.

Related posts

Италија испрати 40 одбиени баратели на азил во Албанија под новата шема за миграција

admin

Врие од непотизам и корупција во јавниот сектор: Пренатрупана, а неефикасна администрација

admin

Штајнмајер бара граѓаните да не ѝ вртат грб на демократијата

admin

Видео од Украина се користи за да се прикаже употреба на фосфорни бомби во Газа, во „игра“ и видео од игри

admin

Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако СДСМ најде еден мигрант во Македонија во договор со Британија

admin

Техничката влада ја заврши мисијата, но се бара консензус за укинување

admin