8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Пронајден 19-годишникот кој удри тригодишно девојче во Визбегово

Полицијата го пронајде и идентификуваше 19-годишниот возач кој вчера удри тригодишно девојче во скопското село Визбегово и потоа избегал од местото на несреќата.

Според информациите од СВР Скопје, сообраќајната несреќа се случила на 19 јуни околу 19 часот, кога патничко возило удрило во детски велосипед управуван од тригодишно девојче од Скопје.

Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот, по што полицијата презела мерки за негово пронаоѓање и расчистување на случајот.

Денеска полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронашле возилото и го идентификувале возачот.

Станува збор за автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Б. (19) од скопското село Добрино.

Од полицијата информираат дека над возилото бил извршен увид и фотографирање, а со возачот бил извршен службен разговор.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против возачот.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за здравствената состојба на повреденото девојче.

Related posts

БОРИСОВ – ГЛЕДАМ ОБИД ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОД РУСКО ВЛИЈАНИЕ

ninja

ДУИ реагира на изјавата на премиерот Мицкоски

admin

Политичка бура околу Бадентер – клучниот етнички механизам

admin

Европа во криза за вода, ресурсите стануваат се поретки

admin

Блискиот Исток на раб на ескалација: Израел во состојба на највисока готовност, можно вклучување на САД против Иран

admin

Мендух Тачи: Ако Мицкоски освои над 61 пратеник, ќе има конфликт

admin