15.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ со нови обвинувања: Истите фирми добивале тендери, истите вршеле надзор

Опозициската СДСМ обвини дека компании кои, според партијата, добиле десетици милиони евра преку јавни набавки во изминатите две години, работеле со ограничен број фирми за надзор и проектирање, повикувајќи ги обвинителските органи да ги испитаат постапките.

На прес-конференција, Јон Фрчковски од СДСМ соопшти дека компаниите „Ленди Груп“, „Пирамид Билдинг Солушнс“ и „Масев“ добиле повеќе тендери од државни институции и општини, додека надзорот и проектирањето на дел од проектите биле доверувани на фирмите „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.

Според Фрчковски, во повеќе општини низ државата се повторува ист образец, при што истите изведувачи добиваат договори за реализација на инфраструктурни проекти, а истите компании се ангажираат за надзор и проектирање.

Фрчковски наведе дека „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“ во последните две години склучиле договори во вредност од околу 2,4 милиони евра, односно 2,9 милиони евра.

Фрчковски оцени дека постои сомнеж за координирана бизнис-шема поврзана со јавните набавки и побара надлежните институции да ги испитаат сите постапки.

 

Related posts

ЕУ разговара за Западен Балкан

admin

Што да очекуваме од првиот состанок на Пит Хегсет во НАТО?

admin

Орбан вели дека не е јасно кој ја започнал војната меѓу Русија и Украина

admin

Филков го одби барањето на албанските студенти, реагира Сали

admin

Муцунски од Блед: Интеграцијата на Балканот е клуч за стабилноста на ЕУ

admin

Има ли власта привилегирани општини?

admin