9.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Тетовската болница добива 157 нови вработени и инвестиција од 74 милиони евра

Клиничката болница во Тетово ќе биде кадровски зајакната со вкупно 157 нови вработувања, додека паралелно се реализира инвестициски циклус вреден околу 74 милиони евра за целосна реконструкција и модернизација на установата, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

Според Алиу, денеска биле донесени одлуки за вработување на 119 лица од 13 различни медицински профили, неопходни за секојдневното функционирање на болницата.

„Ова претставува силен институционален чекор кон кадровско зајакнување на една од најзначајните здравствени институции во Полошкиот регион“, изјави Алиу.

Од почетокот на годината во болницата веќе биле ангажирани уште 38 лица, од кои 28 специјализанти и 10 припадници на техничкиот и помошниот медицински персонал.

Со новите одлуки, бројот на нововработени достигнува 157 лица во период што министерот го оцени како клучен за развојот на болницата.

Кадровското зајакнување се реализира паралелно со проектот за реконструкција и модернизација на Клиничката болница Тетово, вреден околу 74 милиони евра, кој предвидува целосна обнова на објектите, нова функционална организација и подобрување на условите за лекување на пациентите и работа на здравствените работници.

„Тетово и целиот Полошки регион ќе добијат болница што ќе одговори на реалните потреби на граѓаните“, рече Алиу.

Министерот му се заблагодари на директорот на Клиничката болница Тетово, Ерзен Елези, за, како што наведе, одговорното менаџирање и соработката во процесот на кадровско и институционално зајакнување на установата.

Related posts

Трамп со најдолг говор пред нацијата: Тензии со Врховниот суд и протести од демократите

admin

Орбан: Унгарија ќе најде начин да ги заобиколи американските санкции против руската нафта

admin

Касами и Гаши кројат опозициски фронт, сакаат да ја урнат владата

admin

Политички хаос во СДСМ: Петре Шилегов и Венко Филипче во жестока војна – кој работи за Христијан Мицкоски?

admin

Продолжува руското гранатирање врз украинските градови, најавени нови планови за хуманитарни коридори

ninja

Дали Трамп има план за соборување на Зеленски?

admin