31 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Голема реконструкција на Владата: се менуваат ли повеќе од една третина од министрите?

Преговорите за реконструкција на Владата влегуваат во завршна фаза, а до крајот на неделава се очекува појасна слика за новиот состав на владината коалиција, изјави еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити.

Меџити, во интервју за телевизија Сител, рече дека разговорите меѓу коалициските партнери продолжуваат и дека сè уште нема конечен договор за тоа кои министри и заменици-министри ќе бидат сменети или ротирани.

„Во следните денови очекувам да имаме конечни решенија. Разговорите продолжуваат, се анализира работата на сите министри и заменици-министри, програмата, приоритетите и тоа што е реализирано досега“, изјави Меџити.

Според неофицијални информации објавени во дел од медиумите, реконструкцијата би можела да опфати повеќе од една третина од министрите, што формално би можело да значи избор на нова влада. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврди дека до парламентот сè уште не е доставен предлог од Владата, но рече дека кога ќе пристигне, ќе биде ставен во процедура.

Во јавноста се споменуваат можни ротации меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Според тие информации, ВМРО-ДПМНЕ би можела да ги преземе здравството, трудот и социјалната политика, како и европските интеграции, додека ВЛЕН би добила ресори како правда, култура, спорт и односи меѓу заедниците.

Како можни имиња во новата распределба се споменуваат повеќе актуелни функционери и кадри од коалициските партии, но засега нема официјална потврда.

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали изјави дека владината коалиција е стабилна и дека не очекува предвремени избори. Според него, Владата може да го заврши четиригодишниот мандат.

„Имаме стабилна влада, се реализира програмата и не чувствуваме криза во рамки на коалицијата“, рече Сали.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека ќе разговара со коалициските партнери за евентуални промени во Владата, нагласувајќи дека најпрво треба да се утврди дали визиите на партнерите се усогласени.

Ако најавите се потврдат, реконструкцијата би можела да биде најголема од формирањето на актуелната влада.

Related posts

Иран напаѓа енергетски цели во Заливот, САД распоредуваат дополнителни сили 

admin

РЕВИЗОРИТЕ УТВРДИЈА НИЗА СЛАБОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ФЗО

ninja

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА?

ninja

СДСМ: Отворен патот за изградба на коридорите

admin

Почна гласањето на осмите локални избори во Северна Македонија

admin

Вучиќ: Под силен притисок поради посетата на Москва, но нема да ја сменам одлуката

admin