21.8 C
Скопје
24 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Драматични снимки од Скопје: Запалени автомобили на бугарската амбасада

Бугарската новинска агенција БГНЕС објави видео-снимки од палењето на две возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје, на кои се гледа лице кое истура запалива течност врз автомобилите пред да ги запали.

Според БГНЕС, лицето мирно се приближува до возилата, истура течност и го напушта местото без да покажува знаци на вознемиреност.

Бугарскиот медиум тврди дека пред амбасадата имало полициско обезбедување, но дека не било забележано непосредно реагирање за време на инцидентот.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија го осуди палењето на дипломатските возила, оценувајќи го како сериозен и неприфатлив чин.

Од Министерството соопштија дека Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Засега нема официјални информации за сторителот или за можните мотиви за нападот.

Related posts

Вон дер Лајен се соочува со нови политички предизвици во Брисел

admin

„Брза лента“ за законските измени за коридорите 8 и 10д

ninja

Мицотакис или Ципрас, кој ќе победи на парламентарните избори во Грција?

admin

Дали Никола Груевски стои зад новата партија?

admin

Таравари под притисок: Владината коалиција го условува останувањето со прекин на врските со ДУИ

admin

Ќе има ново покачување на платите на функсионерите?

admin