9.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Ердоган и Мицкоски зад затворени врати во Истанбул – што договорија двајцата лидери?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Истанбул, при што двајцата лидери ја потврдија посветеноста на натамошно продлабочување на билатералната соработка во економијата, инвестициите и регионалната стабилност.

Средбата се одржа во работната канцеларија на Ердоган во палатата Долмабахче и беше затворена за јавноста, соопшти турската државна агенција Анадолија.

По состанокот, Мицкоски изјави дека двете страни изразиле задоволство од „традиционално блиските, пријателски и стратешки односи“ меѓу Северна Македонија и Турција.

„Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Тој ја опиша Турција како значаен економски и политички партнер и порача дека владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции.

Според Мицкоски, Ердоган ја потврдил поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Северна Македонија и изразил подготвеност за понатамошно зајакнување на билатералните односи.

На средбата биле разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, при што двајцата лидери ја нагласиле важноста на стабилноста, соработката и економскиот развој на регионот.

Related posts

Села: Движењата на Таравари треба внимателно да се следат од Европскиот фронт

admin

Зајкова критикува дека лидерската средба ја игнорираше економијата и минималната плата

admin

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во ОН

admin

СДСМ со ултиматум: Или техничка влада – или блокада на Изборниот законик

admin

Луксуз во Маврово и бизнис на аеродром: ДУИ отвори прашања за имотот на директорот на НОМАГАС

admin

Филипче удри по Мицкоски: Европскиот пат е блокиран – вистината ќе излезе на виделина

admin