12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тошковски преживеа уште една интерпелација

Собранието денеска ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако мнозинството пратеници гласаа против барањето за негова политичка одговорност.

За интерпелацијата гласаа 19 пратеници, додека 58 беа против.

Ова е втора интерпелација за Тошковски за два месеца. Претходната, разгледувана на 29 април, исто така беше одбиена, тогаш со 72 гласа против.

Опозицијата, предводена од Левица и СДСМ, го обвини Тошковски за неефикасност, политизација на полицијата и сериозни безбедносни пропусти во изминатите две години. Пратениците од опозицијата побараа негова оставка, повикувајќи се на зголемен криминал, насилство, убиства, семејно насилство и други кривични дела.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во остар настап го обвини министерот за блискост со ВМРО-ДПМНЕ и за одговорност за состојбите во безбедносниот систем.

Тошковски ги отфрли обвинувањата и рече дека нападите доаѓаат затоа што Министерството за внатрешни работи работи. Тој оцени дека дел од критиките се обид за политичко профитирање од трагедии и повика на емпатија кон семејствата на жртвите.

Една од централните теми во расправата беше трагедијата во Кочани, по која опозицијата повеќепати побара политичка одговорност од министерот. Тошковски, пак, обвини дека трагедијата се користи за собирање политички поени.

Седницата ја одбележаа и тензии во владејачкото мнозинство, откако дел од пратениците од „Вреди“ се подготвуваа да ја напуштат салата, а нивни колеги од мнозинството ги повикаа да останат за време на одбраната на министерот.

Со денешното гласање, Тошковски останува на функцијата министер за внатрешни работи.

Related posts

Трамп прогласи победа, честитки од светските лидери

admin

Голема реконструкција на Владата: се менуваат ли повеќе од една третина од министрите?

admin

Крај или нов почеток за НАТО? Зошто Алијансата сè уште опстојува

admin

Трите грешки на ресорот правда

admin

Русија ќе биде „нервозна“ за Ф-16 поради две причини

admin

Протест во Стразбур во поддршка на поранешните команданти на ОВК, Али Ахмети повикува на правда

admin