20.4 C
Скопје
9 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Белата куќа се подготвува за долга војна со Иран: „Ќе ги удриме уште посилно“

Белата куќа се подготвува за повеќедневен, па дури и повеќенеделен вооружен конфликт со Иран околу безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници.

Според изворите, времетраењето и интензитетот на конфликтот ќе зависат од следните потези на Техеран и од тоа дали Иран ќе продолжи со нападите врз трговските бродови во Ормутскиот теснец. Американските власти проценуваат дека судирите би можеле да траат од еден ден до еден месец.

„Ќе ги удриме доволно силно за да разберат дека не се шегуваме“, изјавил еден американски функционер за „Аксиос“, коментирајќи ги последните американски воздушни напади врз ирански цели.

Според истите извори, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп смета дека има простор за понатамошна ескалација, бидејќи стотици танкери во последните недели успешно минувале низ Ормутскиот теснец, што ги намалило стравувањата дека новите судири веднаш би предизвикале драматичен раст на цените на нафтата.

Американски претставници оценуваат дека Иран ја губи својата главна предност во Ормут, бидејќи бродовите сè почесто ја користат јужната рута долж брегот на Оман.

Во меѓувреме, друг американски функционер изјавил дека новата ескалација е последица на притисокот од тврдокорните кругови во иранското раководство, кои сметаат дека меморандумот за разбирање со САД не донел конкретни придобивки за Техеран.

Во четвртокот американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека ја завршила најновата серија воздушни напади врз воени цели во Иран.

Нападите следуваа откако претседателот Трамп на Самитот на НАТО во Анкара изјави дека, според него, меморандумот за разбирање со Иран практично престанал да важи по новите судири во Ормутскиот теснец.

„За мене, мислам дека договорот заврши. Потрошивме премногу време на преговори. Не сакам повеќе да преговарам со нив“, рече Трамп, нарекувајќи го иранското раководство „непредвидливо“.

Неколку часа подоцна, сепак, американскиот претседател сигнализираше дека Вашингтон останува отворен за деескалација, тврдејќи дека ирански претставници повторно воспоставиле контакт и изразиле желба за нов договор.

„Сакаат договор, но не знам дали може да им се верува“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион.

Иран официјално не ги потврди овие тврдења. Главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамад Багер Галибаф, ги обвини САД за кршење на договорите и порача дека Ормутскиот теснец ќе биде отворен „само под услови утврдени од Иран, а не под американски закани“.

Новата ескалација доаѓа само еден ден по американските воздушни напади врз околу 90 воени цели во Иран и иранските ракетни и беспилотни напади врз американски бази во Кувајт и Бахреин, со што кревкиот прекин на огнот меѓу двете земји практично престана да функционира.

Related posts

УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: ЖИВЕЕМЕ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ

ninja

Реслер – шеф на делегацијата на ЕП за односи меѓу ЕУ и РСМ

admin

Фон дер Лајен завршува 100 дена: Што вети а што оствари?

admin

ДУИ најавува документи и пријава за трагедијата во Кочани

admin

Филипче: СДСМ ќе се бори за враќање на власта и деблокада на европскиот пат

admin

Пресврт во истрагата за „Северен тек“: Берлин ја поврзува Украина со експлозиите

admin