7.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пропадна средбата на опозицијата: СДСМ не дојде, Левица обвинува за политички театар

Координативната средба на опозициските партии за усогласување ставови околу измените на Изборниот законик не се одржа, откако на состанокот не присуствуваше претставник на СДСМ.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, изјави дека средбата е одложена поради отсуството на социјалдемократите и дека засега нема одлука дали ќе биде свикана нова средба или дали таа би се одржала без учество на сите опозициски партии.

По одложувањето, Левица ја обвини СДСМ дека пропуштила можност за усогласување на заеднички опозициски став за изборните реформи. Од партијата наведоа дека СДСМ не понудил јасна позиција за клучните прашања, вклучително и предлогот за една изборна единица.

СДСМ, пак, претходно соопшти дека нема да учествува на иницијативата, оценувајќи ја како „театар за јавноста“ и политичка игра во корист на власта. Од партијата посочија дека нивните предлози за измени на Изборниот законик веќе се доставени во Собранието и дека се насочени кон обезбедување фер и транспарентни избори и спречување злоупотреби, особено при гласањето на дијаспората.

Иницијативата за координативна средба ја покрена Левица, откако Владата ја повика опозицијата да постигне консензус за изборните измени пред натамошната парламентарна постапка. Според Левица, целта била опозициските партии да изградат единствен предлог за реформите во изборното законодавство.

Related posts

Од дипломатија до бизнис: Жените стануваат двигател на регионалната трансформација

admin

Екс министерот Сали не знаел за КАТО системот на Онкологија

admin

АфД победи, Кремљ веднаш го отвори прашањето за рускиот гас: „Германците бараат алтернатива“

admin

Општините продавале градежно земјиште за бадијала

admin

Таравари: Нема бидеме во коалиција со ДУИ, време е АзА да оди сама на избори

admin

Србија во енергетска криза, Лукоил во С.Македонија прифаќа само кеш

admin