12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ ја нападна Сиљановска-Давкова: Зошто молчи за Груевски, Латас и „Бела палата“?

Опозициската СДСМ ја обвини претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за, како што наведе, „селективен пристап“ во дебатата за измените на Изборниот законик, оценувајќи дека таа зборува за правата на дијаспората, но молчи за прашања поврзани со владеењето на правото.

Во партиското соопштение, СДСМ поставува прашања зошто претседателката го потпишала указот за укинување на техничката влада ако смета дека таа е неопходна за фер избори и зошто не предложила нов модел доколку сметала дека е потребен.

Партијата исто така ја повика Сиљановска-Давкова да ги образложи своите ставови за електронското гласање, тврдејќи дека станува збор за модел кој се применува во мал број држави и кој, според нив, носи ризици.

СДСМ ја критикуваше претседателката и поради, како што наведува, отсуството на реакција по неодамнешните судски одлуки во предметите поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски и новинарот Драган Павловиќ-Латас, оценувајќи дека тие испраќаат порака за нееднаквост пред законот.

Во соопштението, партијата ја спомена и одлуката поврзана со седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека станува збор за преседан.

„Наместо тоа, претседателката избра да зборува само за делови од Изборниот законик кои одговараат на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не е грижа за дијаспората, туку селективна политичка позиција“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Претседателката претходно изјави дека актуелниот изборен модел ја става дијаспората во нерамноправна положба и повика на отворање поширока дебата за можни измени на Изборниот законик.

Related posts

СИПРИ АЛАРМИРА: Светот троши рекордни 679 милијарди долари на оружје – војните го туркаат пазарот до историски максимум

admin

Големи очекувања на македонската влада од Tрамп

admin

Издаваат станови и викендички за Нова година, но колку плаќаат данок?

admin

Од Џаред Кушнер до улиците на Тирана: Зошто Албанија е на работ на политичка експлозија?

admin

Евтина струја засега нема за сите, некои ќе добијат во јануари

admin

Македонија се потпира на донации додека гори: Недостиг од нови возила и пожарникари, Владата без јасен план

admin