14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Згрешивме“: Венс призна дека Белата куќа направила хаос со досието на Епстин

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс призна дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп направила сериозни грешки во начинот на кој ја комуницирала објавата на документите поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Во интервју за подкастот на Џо Роган, Венс рече дека администрацијата требало уште од почетокот да ги објави сите документи што можела да ги објави.

„Апсолутно ја утнавме комуникацијата околу досието на Епстин“, изјави Венс.

Тој, сепак, ги отфрли тврдењата дека доцнењето било обид за прикривање информации.

„Дали мислам дека згрешивме затоа што се обидувавме нешто да сокриеме? Не“, рече потпретседателот.

Венс ја бранеше поранешната државна обвинителка Пем Бонди, која претходно тврдеше дека на нејзината маса се наоѓа наводна „листа на клиенти“ на Епстин.

Според Венс, Бонди се обидела да одговори на политичкиот притисок, но ги преценила документите што навистина ги поседувала.

„Ја познавам Пем. Ми се допаѓа. Не мислам дека имало злонамерност. Само го прецени тоа што го имавме“, рече тој.

Министерството за правда подоцна објави делумно редактирани документи, меѓу кои фотографии, телефонски записи, сведочења пред голема порота и записници од интервјуа.

Но, голем број документи останаа цензурирани, а владата не го исполни рокот за целосно објавување, што предизвика критики и од демократите и од републиканците.

Контроверзноста околу случајот Епстин останува една од најчувствителните политички теми за администрацијата на Трамп во неговиот втор мандат, а критичарите продолжуваат да бараат целосна транспарентност околу федералната истрага.

Related posts

ТРАМП ВЕЧЕРВА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ОБЈАВИ ТРЕТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

ninja

Триангл: Договорите за плати мора да се почитуваат, време е за достоинствени примања

admin

Рекорден раст на индустриските цени во ЕУ: Кои земји се најтешко погодени?

admin

Скопје вечерва под чад: Три пожари горат истовремено, пожарникарите пред тешка ноќ

admin

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin

Блискиот Исток на раб на ескалација: Израел во состојба на највисока готовност, можно вклучување на САД против Иран

admin