35.9 C
Скопје
25 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кој ќе го води „доброто владеење“? Мицкоски ја расчистува дилемата околу Димитар Димовски

Премиерот Христијан Мицкоски во саботата ги демантираше информациите дека Димитар Димовски ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, нагласувајќи дека сè уште не е донесена одлука кој ќе ја извршува оваа функција.

„Јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што ќе имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Нема да биде истото лице“, изјави Мицкоски.

Димовски во моментов е секретар за јавни политики, координација и следење на реализацијата на владината програма во Кабинетот на премиерот и важи за еден од неговите блиски соработници.

Осврнувајќи се на обвинувањата на опозициската СДСМ, Мицкоски рече дека неговиот став за Димовски е веќе познат и оти нема намера повторно да го коментира.

„Димитар Димовски, како и десетици и стотици луѓе од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од политичка хајка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, кои СЈО го користеа како политичка алатка, сум го коментирал многупати во минатото и нема да го коментирам“, рече премиерот.

Димовски беше условно осуден во предметот „Топлик“, кој се однесуваше на продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Општина Сопиште. Тој беше обвинет и во случајот „Шпански скали“, поврзан со проектот „Скопје 2014“, но во тој предмет доби ослободителна пресуда.

Прашањето за раководењето со секторот за добро владеење се отвори во пресрет на реконструкцијата на Владата, која треба да биде предмет на расправа во Собранието во наредните недели.

Related posts

СРЕДБА ГРУБИ-АГЕЛЕР ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, РЕФОРМИТЕ И ВЕТИНГОТ

ninja

Евровизија 2026 почнува во сенка на бојкоти и политички поделби поради Израел

admin

Коцевски одбива оставка, најавува нова офанзива против криминалот: „Обвинителството има цврсти докази“

admin

Крај за Стармер? Британија чека премиерска оставка

admin

ЕУ и САД пред нов трговски судир по заканата на Трамп за автомобилски царини

admin

Вардарската прослава се претвори во политички и медиумски скандал

admin