9.8 C
Скопје
5 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Од Охрид испратена порака за посилно партнерство меѓу Македонија и Србија

Премиерот Христијан Мицкоски и српскиот премиер Ѓуро Мацут на средбата во Охрид разговараа за продлабочување на билатералната соработка, инфраструктурното поврзување и заедничките проекти што треба да придонесат за економски развој и стабилност во регионот.

Мицкоски соопшти дека на тет-а-тет средбата биле разменети мислења за актуелните регионални предизвици, економските односи и можностите за унапредување на заедничките иницијативи.

„Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Српскиот премиер Ѓуро Мацут изјави дека Србија и Македонија имаат најголем потенцијал за соработка во транспортот, инфраструктурата, енергетското поврзување, земјоделството и туризмот.

Според него, посебно внимание било посветено на модернизацијата на железничката врска меѓу Србија, Македонија и Грција, која треба да овозможи побрз транспорт на патници и стоки кон грчките пристаништа.

Мацут рече дека е разговарано и за изградба на гасен интерконектор, како и за можностите соработката да се прошири и со нафтена инфраструктурна врска меѓу двете земји.

Во земјоделството, двајцата премиери разговарале за олеснување на трговијата со млеко и млечни производи, додека во сообраќајот било констатирано дека редовната авионска линија Белград–Охрид претставува добра основа за натамошно зголемување на туристичката и деловната размена.

„Република Северна Македонија заслужува да биде наш прв економски партнер и важно регионално сообраќајно јазол“, изјави Мацут, додавајќи дека двете влади ќе продолжат со редовни контакти и реализација на заедничките проекти.

По тет-а-тет средбата, делегациите на двете земји одржаа работен ручек во Охрид. Во српската делегација беа и министри задолжени за енергетика, градежништво и земјоделство.

Related posts

Милошоски со тешки обвинувања: Филипче размислува за бојкот на изборите?

admin

Расте економијата, но дали доаѓа нов ценовен шок? ММФ предупредува за скриени ризици

admin

ВЛЕН ја обвини ДУИ за „систем на извлекување пари“

admin

ЕУ – 9 земји ја блокираат Албанија? Рама: Почекајте до мај

admin

Фетаху: ВРЕДИ ми должи, без АзА немаше да постои коалицијата

admin

САД бараат Г20 да ја прифати логиката на Трамповите царини, Кина повторно главна цел

admin